Top Sport

Шевченко и Гега се шампиони на 16. Скопски маратон

Украинецот Серхиј Шевченко и Албанката Луиза Гега се победници на Скопскиот маратон 2020 година.

Шевченко во машката трка постави време од 2:22:49, речиси девет минути пред македонскиот тркач Дарио Ивановски (2:31:16), додека трет беше Србинот Кристијан Тошиќ (2:39:37).

Кај дамите, Гега стигна до победата со време од 2:35:34, пред македонската маратонка Андријана Поп Арсова.

Во полумаратонската трка во женска и машка конкуренција победија Миљана Ристиќ со време 1:25:31 часа односно Атанас Анчевски со време 1:14.09 часа.

Scroll to Top