Top Sport

Шифрин е незапирлива – лесно до триумфот во супер-џи во Банско

Микаела Шифрин е апсолутно неверојатна. Два дена откако изненадувачки триумфираше на спустот во Банско, денеска триумфираше и во супер-џи трката во бугарскиот ски-центар за да се зацврсти на првото место во генерален пласман. Ова е 66. победа во кариерата за Американката.

Иако е попозната по своите квалитети во техничките дисциплини (слалом, велеслалом), Шифрин со време од 1:10.88 триумфираше во Банско, за 0.29 секунди пред Италијанката Марта Басино и 0.70 секунди пред Швајцарката Лара Гут-Бехрами.

Со победата, Шифрин е убедливо прва во генерален пласман со 1.225 поени, пред Италијанката Федерика Брињоне (855) и Словачката Петра Влхова (830). Во супер-џи, Шифрин е нов лидер со 186 поени пред Швајцарката Корин Зутер (150).

Scroll to Top