Top Sport

Шифрин го освои четвртиот кристален глобус оваа сезона (видео)

Микаела Шифрин се израмни со Линдзи Вон и Тина Мазе, откако ја освои рекордната четврта титула од Светскиот куп во една сезона со трофејот во велеслалом во Солдеу, Андора.

Американската скијачка суперѕвезда веќе ја имаше обезбедено титулата во генерален пласман во Светскиот куп, како и трофеите во слалом и супер-џи за 2018/19, со што го повтори успехот на сонародничката Вон (2010 и 2012) и Словенката Мазе (2013).

Шифрин имаше голема предност и ѝ беше потребен само пласман во топ 15 во Андора, додека на ривалката Петра Влхова и беше потребен триумф и колапс на Американката. На крајот, Шифрин победи пред младата Новозеланѓанка Алис Робинсон и Влхова за своја 17. победа оваа сезона и 61. во кариерата.

„Секој глобус е поинаков, но сакав да дојдам тука и навистина да го заслужам. Пресреќна сум од овој ден бидејќи имав енергија да се натпреварувам фокусирана. Фантастично“, изјави Шифрин.

Во машката слаломска трка, 21-годишниот Французин Клемен Ноел ја заврши сезоната со победа со 0.18 секунди предност пред Мануел Фелер, додека Швајцарецот Даниел Јул беше трет. Со овој финиш, Ноел и Јул имаат по 551 поен во Светскиот куп, но Французинот го освојува второто место во генерален пласман поради победата.

Марсел Хиршер беше само 14., но веќе ја имаше освоено титулата пред последната трка од сезоната со 235 поени предност пред Ноел и Јул.

Scroll to Top