Американката Микаела Шифрин победи во слаломската трка која се возеше на Сљеме кај Загреб. Американката, која доминира сезонава, ја запиша четвртата победа во кариерата на оваа патека.
Шифрин, на Сљеме, ја растури конкуренцијата и со вкупно време 2:01.09 г освои првото место. Американката импресионираше во првата трка кога успеа ја мина патеката за помалку од една минута (59.70 секунди).
Зад Шифрин се пласираа Петра Влхова од Словачка и Швајцарката Венди Холденер.