Американката Михела Шифрин победи на трката во спуст која во петокот се одржа во Банско, Бугарија. За Шифрин ова беше втора победа во спуст во кариерата, претходно победила во оваа дусциплина во 2017 година во Лејк Луис. Шифрин во Банско ја забележа 65 победа во кариерата.
Шифрин патеката во Банско ја мина со време 1:29.79 минути, што за две секунди и 15 стотинки беше побрзо од лидерката во вкупниот поредок Корин Сутер од Швајцарија која го освои 14 место.
Трката зад Шифрин ја завршија Италијанката Федерика Брињоне (1:29.97) и Швајцарката Јоана Хелен (1:30.02).
Американката со оваа победа се искачи на втората позиција во поредокот за спуст со 206 поени, 37 помалку од водечката Сутер.
Утре во Банско ќе се вози уште еден спуст, а в недела на програмата е трак во супер-велеслалом.