Top Sport

Шифрин победи во Килингтон и се израмни со Стенмарк

Американската скијачка „кралица“ Микаела Шифрин триумфираше на слаломот во Килингтон, Вермонт, САД по петти пат за да се израмни со Ингемар Стенмарк со својата 46. победа во слаломот.

Словачката ривалка на Шифрин, Петра Влхова, која ја спречи да стигне до рекордот во финскиот Леви минатиот викенд, имаше најдобро прво возење, но направи грешка во второто за на крајот да остане 0.75 секунди зад Шифрин. Швајцарката Венди Холденер беше трета, за свој 28. подиум во Светскиот куп, но без ниту една победа.

„Мислам дека не можам да возам побрз слалом од тој кој го извозев. Знаев дека морам да бидам агресивна во второто возење“, вели Шифрин.

Шифрин сега е израмнета со шведскиот великан Ингемар Стенмарк, кој победи во 46 велеслаломски трки во 1970-тите и 1980-тите. Стенмарк останува и рекордер со 86 вкупни победи во Светскиот куп, додека 26-годишната Шифрин е трета на вечната листа со 71 победа. Шифрин и Влхова имаат 35 победи во последните 38 слаломи од Светскиот куп од 2017 година – од почетокот на 2020 Влхова има девет, а Шифрин три.

Scroll to Top