Top Sport

Шифрин победи во Куршевел – Американката е водечка во генералниот пласман

Микаела Шифрин победи на трката во велеслалом, која во вторникот, се возеше во Куршевел. Со 14.победа во оваа дисциплина, вкупно 72.во кариерата, Американката се искачи на првото место во генералниот пласман.

Шифрин, во Куршевел, победи со вкупно време 2:15.35 минути. Овој резултат беше за 86 стотинки побрз од времето што го постигна Сара Хектор од Шведска, која го освои второто место.

Третото место го освои Мишел Гизин од Швајцарија.

Со оваа победа Шифрин на вечната листа се израмни на третото место со Теса Ворли, Викторија Ребенсбург и Анита Вајтер.

Американката со 200 бода води во поредокот во оваа дисциплина, додека во генералниот пласман со 670 поени води пред Софија Гоџа, која во Кушевел не ја заврши трката.

Утре во Куршевел ќе се визи уште една трка во велеслалом.

Scroll to Top