Top Sport

Шифрин се врати на победите во Светскиот куп (видео)

Микаела Шифрин продолжи каде што застана во Светскиот куп во алпско скијање, откако триумфираше на трката во паралелен слалом во Стокхолм.

Во првата трка по Светското првенство во Оре, каде што Шифрин освои злато во слалом и (изненадувачки) во супер-џи, Американката се намачи пред во финалето со две трки да ја победи Кристина Гајгер. Ова дојде откако 23-годишната Шифрин ја победи Швеѓанката Ана Свен-Ларсон за само 0.01 секунди во полуфиналето. Свен-Ларсон беше подобра од сонародничката Фрида Хансдотер за третото место.

Во машката трка, Швајцарецот Рамон Ценхаузерн стигна до својата прва победа, откако во финалето го совлада домашниот фаворит Андре Мирер, кој не ја заврши втората трка. Ценхаузерн претходно го победи сонародникот Даниел Јуле во полуфиналето, а Јуле потоа загуби од Австриецот Марко Шварц во малото финале.

Марсел Хиршер, кој загуби од Ценхаузерн во четврт-финалето, останува лидер во генерален пласман пред трките во Банско, Бугарија во петок.

Фото: ЕПА

Scroll to Top