Top Sport

Шифрин се запиша во историјата

Американката Микаела Шифрин, во неделата, се запиша во историјата, откако стана седмата скијачка што успеала да победи во сите дисциплини. Шифрин, оствари победа во првиот супервелеслалом во новата сезона.

Во Лејк Луиз, Канада, двократната олимписка шампионка, победи со време 1:19.41 минути. Шифрин победи 46.пат во кариерата, со што ја комплетираше колекцијата во Светскиот куп.

фото: epa

Зад Американката со послаб резултат за 77, односно 83 стотинки, се пласираа Норвежанката Рагнхилд Мовинкел и Германката Викторија Регенсбург.

Наредната трка во супервелелслом на програмата е на 8.декември во Сент Мориц.

Scroll to Top