Top Sport

Ракометарките ќе играат бараж за СП во Јапонија

Женската ракометна репрезентација на Македонија успешно ги минаа квалификациите и изборија место во баражот за Светското првенство во јапонија.

По победите над Аџербејџан и Исланд, македонските ракометарки ја совладаа и Турција 30:23.

Ракометарките против Турција ја оправдаа фаворитската улога, доминираа во текот на целиот натпревар и заслужено славеа.

Дека нема да дозволат изненадување најавија во првиот дел кој го решија со предност од шест гола (16:10).

Ристовска со осум и Саздовдска со шест гола ја предводеа селекцијата на Симе Симовски до победата.

Противникот во баражот на ракометарките ќе им биде некоја од репрезентациите што се натпреваруваат на Европското првенство во Франција.

Scroll to Top