Top Sport

Шифрин со победа, Вон не заврши во Кортина, размислува за „итна“ пензија (видео)

Американката Микаела Шифрин стигна до изненадувачка супер-џи победа во Кортина Д’Ампецо додека Линдзи Вон не успеа да ја заврши својата последна трка во славниот италијански скијачки центар каде што има рекордни 12 победи.

Шифрин ја искористи поставеноста на патеката (од еден од нејзините тренери) за да стигне до победа со 0.16 секунди предност пред Тина Вајратер од Лихтенштајн, додека Австријката Тамара Типлер беше трета со 0.18 послабо време.

Вон, која планира да се повлече од спортот во декември, беше во игра за пласман на подиумот, но „закачи“ врата во средината на патеката и не ја заврши трката. Веднаш потоа, таа изјави дека е можно ова да беше нејзината последна трка поради проблемите со колената.

„Тоа е можност, но сега сум емоционална и не можам да размислувам јасно. Таа одлука не се носи лесно. Не се надевав дека ќе биде вака тешко, иако имав многу повреди во кариерата. Ќе размислам неколку дена па ќе одлучам“, објасни Вон.

Фото: ЕПА

Scroll to Top