Олимписката шампионка во велеслалом, Микаела Шифрин триумфираше на отворањето на новата сезона во Светскиот куп во алпско скијање. Американата беше побрза во Зелден од Лара Гут-Бехрами, а на пиедесталот имаше место и за актуелната шампионка – Петра Влхова.
За Шифрин ова беше 70. триумф во Светскиот куп, а до него дојде со време 2:07.22 минути.
Меѓу првите десет во австрискиот ски-центар имаше место за домашните натпреварувачки Катарина Линсбергер и Марија Тереза Твиберг, потоа Словенката Мета Хроват, како и за Валери Грение, Теса Ворли, Нина О`Брајан и Рамона Зибенхофер.
Италијанските скијачки имаа кошмарен старт на сезоната. Марта Басино и Ирена Кутрони го завршија настапот уште по првото возење, а Федерика Брињоне не успеа да го заврши второто возење.