Американската шампионка од Светскиот куп во алпско скијање, Микаела Шифрин стигна до својата трета победа оваа сезона, откако беше најбрза на велеслаломот во францускиот ски-центар Куршевел.
23-годишната Шифрин имаше најдобро време во првото возење, кое беше доволно да ја победи Французинката Теса Ворлеј со 0.99 секунди на сончевото време на Француските Алпи, додека третото место го освoи италијанската ветеранка Мануела Мелг.
Шифрин сега има 34 победи од Светскиот куп, од кои пет се во велеслаломот.
Ворлеј, која беше осма по првото возење, беше најбрза во второто возење на патеката „Емил-Але“, но тоа не беше доволно да се надомести предноста од 1.42 која ја имаше Шифрин по утринското возење.
Шифрин е актуелна шампионка од Светскиот куп во генерален пласман и во слалом. Таа оваа година ја оствари првата победа во спуст во кариерата, а триумфираше и на еден слалом.