Дафне Шиперс, двократна светска шампионка на 200 метри, ја заврши кариерата. .
Шиперс најпрво се натпреваруваше во седмобој, а во оваа дисциплина освои бронзен медал на Светското првенство во Москва во 2013 година.
Таа потоа се префрли на спринт и освои две злата на 200 метри на Светското првенство во Пекинг во 2015 година и две години подоцна во Лондон. Таа исто така освои сребро на 100 метри на СП во Пекинг во 2015 година.
„Трката запира тука. Како спортист, секогаш знаеш дека ќе дојде овој ден, дека во одреден момент вашата кариера ќе биде момент во времето, збирка спомени“, напиша Шиперс.
Холанѓанката освои и сребрен медал на 200 метри на Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година. Во последните неколку години таа имаше проблеми со повреди.