Австријката Никол Шмидхофер ја оствари својата прва победа во Светскиот куп во алпско скијање, по доминацијата на првиот спуст од сезоната во Лејк Луис, Канада.
29-годишната Шмидхофер досега имаше најдобар пласман на второто место во супер-џи трката во Кортина Д’Ампецо во јануари 2013 година, но во 2017 година на СП во Сент Мориц стана светска шампионка во дисциплината.
Таа имаше време од 1:48.13, за победа пред Швајцарката Мишел Гисин со 15 стотинки заостанување, додека прв подиум во кариерата оствари Германката Кира Видле. Подиумот на првата брзинска трка е сосема неочекуван, но Шмидхофер го искористи отсуството на Американката Линдзи Вон и Италијанката Софија Гоџија.
Словенката Илка Штухец, која ја пропушти минатата сезона по повреда на коленото заврши на шестото место, а Американката Микаела Шифрин, која ретко скија спуст, беше деветта за да се зацврсти на првото место во генерален пласман.
Во Лејк Луис утре на програмата е уште еден спуст, а во недела се вози супер-џи трка.
Nicole Schmidhofer set the pace in training and she now leads the way in the race! pic.twitter.com/j629U7rdBk
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) November 30, 2018