Top Sport

Шок за САД – Крај на ОИ за Кендрикс

Олимписките игри во Токио завршија за светскиот шампион во скок со стап, Сем Кендрикс.

Американецот, бил позитивен на коронавирусот на последното тестирање. Поради позитивниот тест тој нема да може да се натпреварува.

Олимпискиот комитет на САД соопшти дека Кендиркс ќе биде префрлен во хотел, каде 14 дена ќе биде во изолација.

„Сем не е болен, не сме загрижени. Системот на тестирање не е добар, бидејќи наредниот ПСЦ тест е дозволено да биде направен дури по шест дена“, напишал на Инстаграм, таткото на Кендрикс.

Разочаран од неучеството на Кендиркс е неговиот најголем ривал, светскиот рекордер, Арман Дуплантис.

„До пред еден час се подготвував за борба со Сем. Тој е еден од моите главни ривали, некој кој секогаш ме тера да постигнам што е можно подобар резултат. Шокиран сум“, напишал Дуплантис.

Поради позитивниот допинг-тест на Кендрикс, речиси три часа во изолација била целата репрезентација на Австралија во атлетика.

Scroll to Top