Top Sport

Шокантно признание на Мо Фарах: Се викам Хусеин и бев жртва на трговија со луѓе

Еден од најуспешните спортисти на сите времиња, Мо Фарах, го шокираше целиот свет во документарец на „Би-Би-Си“ со тоа што призна дека како дете бил илегално донесен во Обединетото Кралство како жртва на трговија со луѓе и дека бил принуден да работи како слуга.

Четирикратниот олимписки, шесткратен светски и петкратен европски шампион на 5.000 метри и на 10.000 метри и најуспешниот тркач на долги патеки на сите времиња откри за „Би-Би-Си“ дека истите луѓе кои го донеле на островот му го дале името Мохамед Фарах, и дека неговото вистинско име е Хусеин Абди Кахин.

Него како деветгодишно момче го донела од Џибути жена која никогаш не ја познаавал. Кога пристигнал, бил принуден да се грижи за децата на едно семејство.

„Го потиснував ова со години, но не можете вечно да молчите“, изјави легендарниот спортист кој претходно тврдеше дека на Островот пристигнал од Сомалија како дете бегалец.

Неговиот татко Абди бил убиен во немири во Сомалија кога имал само четири години, а Фарах вели дека имал осум или девет години кога го однеле од дома да биде со семејството во Џибути. Потоа бил одведен во Обединетото Кралство. Жената која го однела во Европа му рекла дека ќе оди кај роднините, а тој бил возбуден поради тоа.

„Никогаш немав видено авион“, открива познатиот спортист на кој истата жена му кажала дека сега се вика Мохамед и му покажала фотографија со неговото сега познато име и презиме.

Кога пристигнал во Англија, жената го однела во Лондон и ги искинала сите документи кои пред него ги споменувале неговите вистински роднини.

„Таа ги искина пред мене документите и ги фрли во ѓубре. Во тој момент знаев дека сум во неволја. Морав да работам дома и да се грижам за децата ако сакам да јадам. Често се заклучував и плачев во бањата“, откри Мо, кому непознатата жена која го донела му се заканувала дека ќе молчи за се ако сака повторно да го види семејството.

Scroll to Top