Top Sport

Шон Марфи доминираше за титулата од Велс опен (видео)

Шон Марфи беше во незапирлива форма, победувајќи го Кајрен Вилсон со 9:1 во финалето на Велс опен по само два вечерни фрејма во Кардиф за своја деветта ранкинг снукер титула.

37-годишниот Марфи го започна финалето со доминантна „стотка“ и продолжи да доминира против 28-годишниот Вилсон, кој претходно го елиминираше Рони О’Саливен, кој успеа да го освои својот прв фрејм при 6:1.

Фановите со билети во вечерната сесија се надеваа дека Вилсон ќе пружи отпор, меѓутоа, поранешниот светски шампион ги освои и следните два фрејма, по што Вилсон се извинуваше на навивачите.

Scroll to Top