Top Sport

Руд го надмина својот татко и стана првиот Норвежанец со АТП титула

Каспер Руд никогаш нема да го заборави Аргентина опен турнирот во Бунеос Аирес, каде што по експресната 6:1/6:4 победа над Португалецот Педро Соуса ја освои својата прва титула во кариерата, и прва за Норвешка во историјата, во исто време подобрувајќи го успехот на неговиот татко.

Кристијан Руд, таткото и тренерот на 21-годишниот Каспер беше 39. на АТП листата во октомври 1995 година, три години пред да се роди неговиот син, кој во понеделник ќе се разбуди на 34. место на АТП листата, надминувајќи го успехот на својот татко.

Руд стана најмладиот шампион во Буенос Аирес со фантастично финале против Соуса, кој на турнирот влезе како „среќен губитник“, односно имаше загубено во последното коло на квалификациите, но доби влез на турнирот по повлекување на друг тенисер.

Scroll to Top