Top Sport

Шоу на Кирјос во Мајами (Видео)

Ник Кирјос имаше свое шоу во мечот од второто коло на турнирот од Мастерс серијата во Мајами. Австралискиот Грк, преку Душан Лајовиќ избори пласман во осмина-финалето, тој славеше 6:3, 6:1.

Контроверзниот тенисер мечот го доби за 59 минути, а времето поминато на теренот, меѓу другото го искористи и да везе во расправија со еден навивач, кој потоа мораше да го напушти своето место на трибините.

„Немаш што да правиш во недела навечер па си дошол мене да ме гледаш? Зошто?“, му рекол Кирјос на навивачот, кој дури сакал и физички да се пресмета со тенисерот.

Од останатите потези, се издвојува војничкиот поздрав кон топчето, пред да изведе смеч и асот сервисот под рака.

Кирјос во осмина-финалето ќе игра против Борна Чориќ од Хрватска.

Scroll to Top