Top Sport

„Го почитувам Марадона, ама Меси е најдобриот Аргентинец во историјата“

Серхио Рамос, капитенот на Реал Мадрид, нема дилема околу тоа кој е најдобриот аргентински фудбалер на сите времиња.

„Го почитувам Марадона, но сигурно сите знаат дека тој е со милји оддалечен од најдобриот аргентински фудбалер во историјата, според мене тоа е Лео Меси“, рекол Рамос за фудбалскиот портал „goal.com“.

По една ваква изјава на Рамос, фудбалскиот свет веројатно многу бргу ќе добие одговор од Марадона, кој во татковината има статус на божество.

Рамос цела деценија „војува“ на теренот против Меси и Барселона. На последното соочување, пред еден месец, Рамос и Меси имаа жестока вербална расправија откако Шпанецот го фаулираше Аргентинецот.

Scroll to Top