Top Sport

Шпанија во последната секунда избори пенал серија, па се пласира во финалето на СП

Шпанија, потешко од очекуваното, стана првиот финалист на Светското првенство во Сингапур. Во полуфиналето, актуелниот европски шампион ја победи Грција со 11:9 (3:2, 3:1, 0:1, 1:3, 4:2).

„Црвената Фурија“, обезбеди пласман во финалето на Светското првенство за прв пат од 2022 година, кога ја освои титулата. Исто така со оваа победа Шпанија обезбеди медал, петти пат по ред на светските првенства, што никој досега не успеал да го направи.

Стрелци за Шпанија беа: Санахуја три, Гранадос два, Бустос и Минураз по еден, додека головите за Грција ги постигнаа: Генидуњас и Гилас по два, Пурос, Аргиропулос и Џуветис по еден.

Грците се самоуништија во финишот, откако ја стигнаа и престигнаа предноста на Шпанија од четири гола, дозволија да примат гол во последната секунда. Мунариз го изедначи резултатот (7:7), а потоа голманот Унаи Рубио блесна во пенал серијата, одбрани два пенали и ја одведе својата селекција во финалето.

Се чинеше дека клучниот момент на натпреварот се случи во третата минута од втората четвртина. Кога Шпанците водеа со 3:2, Калвогеропулос направи „бруталити фаул“, Шпанците добија пенал и четири минути игра со играч повеќе. Шпанија водеше со 6:2, а кога Грција се комплетираше, водството на Шпанија беше 6:3. Тој резултат им даде шанса на Грците да се вратат во играта и со одлична одбрана го сторија тоа. Ја оставија Шпанија речиси 19 минути без постигнат гол.

Во третиот дел, Грција се приближи на минус два. Во последната минута, Гранадос беше исклучен со право на замена.Шпанците паднаа во играта, останаа без вистински решенија во нападот.

Грците се кренаа и на средината од последниот дел израмнија преку Пурос на 6:6. На помалку од две минути пред крајот, Гилас постигна гол за водство од 7:6, за одлична грчка серија од 5:0.

За последниот напад, Шпанија имаше само четири секунди, а Мунариз успеа да погоди.

Во изведувањето на пенали, Шпанците беа непогрешливи. Унаи Рубио ги одбрани ударите на Скумпакис и Какарис.

Вториот финаист ќе биде познат по дуелот меѓу Србија и Унгарија.

Фото/ Принтскрин

Scroll to Top