Србинката Ивана Шпановиќ го освои единственото злато за домаќините на Светското првенство во атлетика во сала во Белград, триумфирајќи во скокот во далечина со фантастична далечина од 7.06 метри.
Со ова таа ја одбрани својата светска титула, откако Бруме од Нигерија скокна 6.85 метри, додека Британката Југен беше бронзена со 6.82 метри.
Ivana je svetska šampionka! pic.twitter.com/vmqparv9J6
— B92 Sport (@b92sport) March 20, 2022
Фантастичниот Американец Грент Холовеј, пак ја продолжи својата победничка серија на 60 метри со пречки, триумфирајќи 57. пат едноподруго (без пораз веќе седум години), овојпат со време од 7.39. Среброто отиде кај Французинот Паскал Мартино-Лагар, кој заостана 11 стотинки, додека трет беше Американецот Џерет Китон со 7.53.
Holovej odbranio svetsko zlato na 60m prepone pic.twitter.com/fZJYbJweoa
— B92 Sport (@b92sport) March 20, 2022