Top Sport

Шпанската скијачка легенда Фернандез Очоа исчезна во Мадрид!

Поранешната освојувачка на олимписки бронзен медал, Бланка Фернандез Очоа исчезнала во Мадрид пред една недепа, потврди шпанската полиција.

56-годишната Фернандез Очоа, првата Шпанка со медал на едни Зимски Олимписки Игри, последен пат е видена минатата недела, а полицијата го пронашла нејзиниот Мерцедес А-класа во градче во близина на Мадрид. Нејзиното семејство побарало полицијата да помогне.

Ќерката на Фернандез Очоа, Оливија Фреснеда, која ја известила полицијата за исчезнувањет на нејзината мајка на 23 август е „многу загрижена“. Поранешната скијачка си заминала од домот без телефон и не ги користела кредитните картички во последните седум дена.

Фернандез Очоа учествуваше на четири Олимпијади од 1980 до 1992 година, а освои бронза во слалом на ОИ во Албервил, Франција во 1992 година. Нејзиниот брат Франциско Фернандез Очоа стана првиот Шпанец со злато на Зимските Олимпијади во Сапоро во 1972 година.

Scroll to Top