Top Sport

Шпанската тенисерка Суарез Наваро боледува од Хоџкинов лимфом

Шпанската тенисерка, Карла Суарез Наваро, која минатата недела се повлече од САД опен, откри дека има дијагностицирано Хоџкинов лимфом и дека ја очекуваат шест месеци хемотерапија.

„Здраво, сите, сакав да ве известам дека пред неколку дена ми беше дијагностициран Хоџкинов лимфом. Сега треба да одам на шестмесечна хемотерапија. Во моментов сум добро и смирено го очекувам тоа што ќе дојде. Ова не е најлесниот ривал кој сум го имала, и морам да бидам најдобра“, вели Суарез Наваро на Твитер.

Лимфом е рак на лимфнниот систем, кој е дел од имунолошкиот систем. 31-годишната Суарез Наваро во декември најави дека 2020 ќе биде последна сезона во нејзината кариера. Суарез Наваро седум пати играше во гренд слем четврт-финалиња и во 2016 година беше на шестото место на ВТА листата.

Scroll to Top