Карлос Алкарас Гарфија има 16 години, го споредуваат со славниот сонародник Рафаел Надал, иако самиот вели дека сака да игра како Роџер Федерер. Гарфија го воодушеви тенискиот свет со победата над искусниот Алберт Рамос Винолас во првото коло на АТП турнирот во Рио Де Жанеиро.
Гарфија е првиот 16 годишник уште од Рафаел Надал кој на АТП турнир победил играч кој се наоѓа меѓу првите 200 во светот.
Тинејџерот го победил Винолас по голема борба со 7/6, 4/6, 7/6.
„Сакам да играм агресивно, со многу винери. Мојот стил е многу сличен на стилот што го има Федерер. Играм многу агресивно, често излегувам на мрежа, сакам да играм „дроп-шотови“, рекол Гарфија.
Ова момче е родено во 203 година и во моментов се наоѓа на 408 место на АТП листата. Од почетокот на сезоната освоил два ИТФ турнири. Досега во кариерата заработил нешто повеќе од 5.000 долари.
Негов тренер е поранешниот број 1, Хуан Карлос Фереро.