Top Sport

Вајлдер: Моето дете удира посилно од Фјури

Американскиот боксер Дионтеј Вајлдер рекол дека неговиот ривал во борбата за светската титула Тајсон Фјури со манипулации се обидувал да ги придобие луѓето да навиваат за него бидејќи не бил способен за големи дела.

Вајлдер и Фјури за неколку дена ќе се борат за светската титула во ВБЦ верзијата. Титулата ќе ја брани Вајлдер.

Вообичаено кога се во прашање вакви бокс-мечеви борците се обвинуваат и навредуваат со тешки зборови.

„Не верувам во ништо од она што тој го зборува. Боксерите мора да имаат вистински тактики во текот на борбата, а тој нема ништо. Се обидува да манипулира со луѓето, за тие да веруваат во нешто што не постои. Сите знаат дека Фјури нема тупаници, туку перничиња. Па моето две годишно дете удира посилно од него“, рекол 34 годишниот Вајлдер.

Мечот на Американецот и Британецот на програмата е на 22 февруари во Лас Вегас.

Scroll to Top