Top Sport

Што да прави кога го сакаат – Федерер со АТП награда иако одигра само шест меча во 2020

Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал беа меѓу добитниците на АТП наградите објавени во понеделникот.

Ѓоковиќ беше „прославен“ како освојувач на првото место на АТП листата рекорден шести пат во кариерата, откако освои четири титули, вклучувајќи ја и осмата круна од Австралија опен, додека шампионите од САД опен, Мате Павиќ и Бруно Соареш се број 1 во пласман на двојки.

Федерер, кој одигра само шест меча во сингл цела сезона, 18-та година едноподруго ја добива наградата како омилен тенисер на публиката, додека Надал, освојувачот на Ролан Гарос, трета година едноподруго е добитник на наградата „Штефан Едберг“ за најфер тенисер.

Русинот Андреј Рубљев е добитник за наградата за најдобар раст во годината, откако скокна од 23. место на 8. место со пет освоени титули. Американецот Тиафоу ја доби наградата „Артур Еш“ за хуманитарно дело за неговата добротворна акција за помош при пандемијата на КОВИД-19. 17-годишниот Шпанец, Карлос Алкараз е добитник на наградата за најдобар „новак“ во сезоната, откако освои три титули во Челенџ турнејата, додека Канаѓанецот Васек Поспишил е добитник на наградата за камбек – во 2019 година тој беше на операција на грбот, а оваа година стигна до две АТП финалиња и направи скок од 90 места на АТП листата.

Scroll to Top