Камил Штох ја воодушеви домашната публика со изненадувачка победа со која ја намали предност на лидерите во генерален пласман во Закопане.
Полјакот, кој сега е шести во генерален пласман, го совлада Австриецот Штефан Крафт со фантастичниот втор скок од 140 метри за победа со предност од 5.1 поени. Неговиот сонародник Давид Кубацки беше трет пред двајца Германци, Штефан Лајхе и Карл Гајгер.
Гајгер со петтото место ја заддржа предноста во генерален пласман со 931 поени, 48 пред Крафт, додека јапонскиот актуелен шампион од Светскиот куп, Рјоју Кобајаши е трет откако беше само седми во Закопане.
Следниот викенд, Светскиот куп се сели во Сапоро.