Тенисерката од Кина, Шуаи Пенг, уште еднаш негираше дека го обвинила поранешниот потпретседател на кинеската Влада за сексуално злоставување. Во интервју за „Екип“, таа истакна дека никогаш не исчезнала и дека не може да разбере зошто толку многу луѓе се загрижиле дека нејзиниот живот е во опасност.
Интервјуто за „Екип“ е прв разговор на Пенг, со медиуми кои не се од Кина. „Екип“, истакнаа дека интервјуто се одржало во строго контролирани услови, тенисерката на претходно доставените прашања одговарала на кинески, а за преводот бил задолжен човек од Олимпискиот комитет на Кина.
Пенг рекла дека загриженоста низ целиот свет за нејзината безбедност била плод на „големо недоразбирање“ и негираше дека го обвинила поранешниот потпретседател на Владата за сексуално злоставување.
„Сексуален напад? Никогаш не сум кажала дека некој сексуално ме злоставувал. Таа објава предизвика големо недоразбирање. Не сакам таа објава погрешно да се толкува“, рекла Пенг.
Тенисерката објавата ја избриша по само 30 минути.
„Јас сум таа која ја избриша. Зошто? Така сакав“.
Во текот на интервјуто, Пенг не одговорила дали имала некакви проблеми со кинеската Влада.
Шуаи Пенг, дека пред интервјуто, имала средба со претседателот на Интернационалниот олимписки комитет, Томас Бах.