Скот Сирс, братот на сопругата на Енди Мареј, Ким, стана најмладиот истражувач кој стигнал до Јужниот Пол без помош по петнеделно патешествие.
27-годишниот поручник во британската војска, пристигна на Јужниот Пол на Божиќ, поминувајќи над 900 километри – или како што самиот го спореди, пешки од Лондон до Прага. Борејќи се со ветришта од над 200 км/ч, температури од -50 и 90 килогреми неопходна опрема за преживување, Сирс го направи подвигот во обидот да собере пари за фонацијата на Гурките, специјалните одреди во британската војска.
„Горд сум за тоа што го направив последните 38 дена, но кога служев војска покрај Гурките, тоа беше најгордото остварување“, напиша Сирс на Инстаграм.
Сирс, кој претходно призна дека имал голем сон да стане тенисер, како неговиот зет Мареј, но иакко неговиот татко Најџел Сирс, но решил животот да го посвети на армијата. Тој успеа да собере 30.000 фунти за Гурките, елитните воени одреди од Непал.