Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер добил едно од најголемите признанија во својата импресивна кариера.
Швајцарските медиуми објавија дека од 23 декември ликот на Федерер ќе се најде на сребрената монета од 20 франци, а во мај наредната година ликот на 20 кратниот Грен-слем шампион ќе се најде и на монетата од 50 франци.
Федерер е првиот Швајцарец кој во текот на животот ја добил оваа чест.
Во соопштението од Народната банка на Швајцарија се наведува дека тој е најпознатиот Швајцарец на теренот и надвор од него.
„Покрај бројните остварени рекорди Федерер е активен и во хуманитарната работа на југот на Африка. Тој е првиот Швајцарец кој е именуван за амбасадор на УНИЦЕФ“, пишува во соопштението.
In addition to the 20-franc silver coin, a Roger Federer 50-franc gold coin is expected to be released in May 2020. #rogerfedererhttps://t.co/WRjq9ukXeZ
— swissinfo.ch (@swissinfo_en) December 2, 2019