Диего Шварцман ја продолжи аргентинската бајка на Ролан Гарос, откако го направи најголемото изненадување досега на машкиот турнир, елиминирајќи го шампионот од САД опен и еден од фаворитите за титулата, третиот носител Доминик Тим со 7:6(1)/5:7/6:7(6)/7:6(5)/6:2 во меч кој траеше фантастични 5 часа и 10 минути
За место во финалето, Шварцман ќе се бори со подобриот од дуелот помеѓу „кралот на земја“, Рафаел Надал и италијанската сензација Јаник Синер, кои вечерва треба да ја започнат својата пресметка. Неговиот триумф доаѓа неколку часа откако неговата сонардничка Надја Подороска се пласираше во полуфиналето со изненадувачката победа над Елина Свитолина.
За Шварцман ова е комплетирање на неверојатниот последен месец во кариерата, во кој стигна до финалето во Рим (негово прво АТП Мастер 1000 финале) откако таму го победи токму Надал, и првпат во кариерата ќе влезе во топ 10 по крајот на гренд слемот во Париз.