Top Sport

Шведскиот трон за Дел Потро

Хуан Мартин дел Потро ја освои својата втора титула во Стокхолм, победувајќи го Григор Димитров со 6:4/6:2 во финалето за час и 23 минути игра.

Ова е јубилејна 20. титула за Аргентинецот, но прва во последните 12 месеци, и прва победа над Димитров оваа година, откако загуби во Синсинати и Пекинг од него.

Дел Потро имаше 70 отсто поени на свој сервис и ги спаси четирите брејк-топки, додека шампионот од Стокхолм 2013 година, Димитров останува со шансите за пласман на АТП финалето, но за тоа ќе треба да има одличен резултат следната недела во Базел.

„Мојот најдобар меч на турнирот беше против најдобриот противник“, вели Дел Потро, кој исто така има мали шанси да се пласира на елитниот турнир.

Scroll to Top