Ига Швојнтек од ова утро официјално е број 1 на ВТА листата. Младата тенисерка од Полска, во саботата, со победата над Наоми Осака го освои мастерсот во Мајами.
Швјонтек е првата тенисерка од Полска која се искачила на врвот на ВТА листата. Девојката од Варшава, која на 31.мај ќе наполни 21 година, на врвот има 6.711 бодови, односно 1.736 повеќе од Барбора Крајчикова.
Трета на листата е Паола Бадоса од Шпанија со 4.970 поени.
Марија Сакари е четврта, таа падна за едно место во однос на претходната листа. Петта е Арина Сабаленка од Белорусија (4.657), шеста Анет Контавејт (4.511).
Во Топ 10 се и Каролина Плишкова (4.197), Даниел Колинс ( 3:151), Гарбиње Мугуруса (3:070) и Онс Жабур (2.9750.