Светската тенисерка број 1, Ига Швјонтек остана на добар пат да ја одбрани титулата од Ролан Гарос, откако лесно со 6:4/6:2 ја совлада Американката Коко Гоф за да обезбеди полуфинале против Бразилката Беатриз Хадад Маја.
Во реприза на минатогодишното финале, Швјонтек уште еднан ја совлада Гоф во два сета и остана прва фаворитка за трета титула на гренд слемот на земја. 19-годишната Гоф има катастрофален скор од 0-7 против Швјонтек, а што е уште полошо, уште нема освоено сет против Полјачката.
Во полуфиналето, таа ќе игра со Хадад Маја, која се врати од сет негатива за изненадувачка 3:6/7:6(5)/6:1 победа над Онс Жабер од Тунис. Со ова, Хадад Маја стана првата Бразилка во гренд слем полуфинале од 1968 година.