Ига Швјонтек и Даниел Колинс ја формираа првата полу-финална двојка, во женска конкуренција, на Австралија опен.
Швјонтек, шампионка на Ролан Гарос во 2020 година, со пресврт и по голема борба ја победи ветеранката од Естонија Каја Канепи.
Тенисерката од Полска славеше со 4/6, 7/6, 6/3.
Швјонтек го доби три часовниот маратон, во кој направи 12 дупли грешки само во првиот сет.
Во полу-финалето ја чека Американката Даниел Колинс. Американката се наоѓа во одлична форма, во последните шест месеци има скор од 31 победа и само седум порази.
Колинс во четврт-финалето ја победи Ализ Корне со 7/5, 6/1.