Top Sport

Си купивте нешто за празниците? Мејведер се почести со часовник од 18 милиони долари!

Пензионираниот Флојд Мејведер Јуниор според многумина е еден од најдобрите боксери во историјата на спортот, но почесто во медиумите привлекува внимание со својот животен стил, односно трошењето на пари.

И самиот си стави прекар Money (пари), а неговите следбеници на социјалните мрежи често можат да го забележат како брои кеш, ги покажува скапите автомобили или колекцијата на накит.

Овојпат за Божиќ, тој реши да се почести со часовник, вреден неверојатни 18 милиони долари. Се работи за часовник со прикладно име „Билионер“ и во него има неверојатни 313 дијаманти со вкупно 260 карати. Инаку, ова е уникатен примерок.

Scroll to Top