Top Sport

Сигурна победа на Квартараро во Барселона

Возачот на Јамаха Фабио Квартараро е победник на трката во Каталонија во кралската класа во МОТО ГП шампионатот.

Практично од самиот почеток беше јасно дека Фабио Квартараро ќе слави во Барселона.

Веќе на самиот старт Такаки Накагами се елиминираше себеси и Франческо Бањаја од трката, а Квартараро извозе одлична трка од почетокот до крајот и сосема заслужено дојде до триумфот.

Неверојатна работа направи Алеш Еспаргаро на Априлија – практично имаше сигурно второ место, но на еден круг пред крајот почна да слави. И тоа го чинеше место на подиумот. На крајот заврши петти.

Грешката на Еспаргар ја искористи Хорхе Мартин, кој дојде на второто место, а Жоан Зарко заврши трет во трката.

На крајот и Жоан Мир го престигна Еспаргара.

Десетката ја комплетираа Лука Марини, Маверик Вињалес, Бред Биндер, Мигел Оливеира и Алекс Маркез.

Scroll to Top