Силниот ветер не дозволи да се одржи натпреварот во Инсбрук, во рамките на традиционалната турнеја Четири скокалници.
Натпреварот требаше да започне во 13.30 часот, потоа неколку пати организаторот го одложи почетокот. Откако силниот ветар не престана да дува, донесена е одлука натпреварот да не се одржи.
Во замена за овој натпревар, утре најдобрите ски-скокачи ќе се натпреваруваат во Бишосхофен.
Првите две станици на Новогодишната турнеја му припаднаа на Јапонецот, Рјоју Кобајаши. То е лидер во генералниот пласман со 593,2 поени. Втор е Норвежанецот Маријус Линдвик (580),а трет Словенецот Ловро Кос (575,5).