Легендарниот Андерсон Силва го прифатил повикот за борба на Конор Мекгрегор. Силва се наоѓа под суспензија на анти-допинг агенцијата на САД, која му истекува на 10.ноември оваа година.
Ирецот Мекгрегор, по поразот од Хабиб Нурмагомедов, изјави дека сака да се бори против Силва, а Бразилецот на медиумите им изјавил дека ја прифаќа поканата.
„Ја прифатив понудата на Мекгрегор. Мислам дека Дана Вајт треба добро да размисли за овој предлог, бидејќи се работи за две големи имиња во овој спорт“, порачал Силва.
Прашањето што логично се поставува е во која категорија ќе се борат овие двајца. Мекгрегор има настапувано во перолесна, лесна и велтер категорија, а Силва има борби во средна и полу-тешка категорија.
„Мислам дека за двајцата во ред ќе биде 81,6 килограми. Ова е супер борба, не е се до килограмите“, рекол Силва и дополнил.
„Ќе ви откријам нешто многу важно. Тука не станува збор за парите, туку станува збор за боречки предизвик“.