Top Sport

Силвина Фунес – Аргентинка која поради Ѓоковиќ заглави во САД

Кога една млада девојка од Аргетнина тргнала во САД да го запознае својот идол Новак Ѓоковиќ не можела да претпостави дека иднината ќе и биде загрозена.

Аргентинскиот портал „Ла Национ“ ја објави приказната за 31 годишната професорка по англиски јазик Силвина Фунес и нејзиниот сон да го запознае најдобриот тенисер на денешнината.

Фунес предава англиски јазик во приватно училиште во градот Барасатега, а исто така е и претседател на фан-клубот на Новак Ѓоковиќ во Аргентина.

Од почетокот на годината таа се соочила со големи проблеми во приватниот живот. Не примила ниту една плата и воедно добила известување дека нема да и биде продолжен договорот за работа.

И покрај тоа таа решила да си ја исполни својата најголема желба. Ги потрошила парите што ги имала заштедено за авионски билет и на 27 февруари пристигнала во САД. Нејзина дестинација бил Индијан Велс каде на 12 март требаше да започне еден од најголемите тениски турнири во светот, популарниот „петти Гренд слем“.

Таа пристигнала кај пријателката од Србија која живее во Лос Анџелес.

Сѐ одело според планот до моментот кога Аргентинката пристигнала во Индијан Велс. Веднаш по нејзиното пристигнување турнирот е откажан поради пандемијата што ја предизвика вирусот КОВИД-19. Ѓоковиќ заминал од САД, а Силвина Фунес поради забраната за патување во и од Америка останала заглавена во оваа земја без „скршена“ пара.

„Повратните летови на Аргентинас Аеролинас чинат 529 долари. Немам дозволен лимит на мојата кредитна картичка за толкав износ, а не можам да издејствувам одложено плаќање. Арегентинската амбасада не ми понуди никакво решение. Доколку се наоѓате во екстремна здравства ситуација како што е оваа тие воопшти нема да ви помогнат. Формуларот го пополнив пред три недели, се уште немам добиено одговор. Ми кажаа да одам во Мајами и таму да чекам на аеродромот“, рекла Фунес.

Таа истакнала дека иако владата на Аргентина испраќала авиони по своите државјани во САД, таа не добила дозвола да биде на некој од тие летови.

Нејзината средба со Ѓоковиќ требало да се случи, тоа не бил обичен сон. Ѓоковиќ знаел дека таа ќе пристигне во Индијан Велс, но како ѓто вели тој не и се јавил.

„Знаеше колку се жртвував низ годините, ужасно се чувствував кога ми кажаа дека турнирот е откажан. Тоа беше хаотично, разбирам дека неговиот приоритет во тој момент не беа навивачите. Брзо замина. Му пишев пораки, но никогаш не добив одговор. Многу навивачи ме прашуваат како можел да не ми посвети внимание. Но јас го разбирам тоа. Сепак ситуацијата ме погоди, плачев два дена. Едноставно не бев приоритет“, раскажува Фунес.

Силвина Фунес истакнала дека живее кај својата пријателка од Србија и не знае кога ќе се врати во Аргентина. Истакнала дека чувствува бескрајна благодарност и не знае дали некогаш ќе може да и ги врати парите што таа ги троши на неа. Рекла дека не може да побара пари од нејзините родители кои биле невработени.

Аргентинката станала фан на Ѓоковиќ во 2008 година кога тој во финалето ан Австралија опен го победи Жо-Вилфред Цонга.

Решила да основа фан-клуб за да може подобро да се информира за Ѓоковиќ бидејќи медиумите своите ресурсни најчесто ги трошеле за Федерер и Надал.

12 години подоцна нејзините налози на социјалните мрежи имаат завидна бројка на следбеници (80.000 на Фејсбук, 60.000 на Инстаграм и 35.000 на Твитер).

Scroll to Top