Top Sport

Симон Аман 25. пат ќе настапи на новогодишната турнеја

Симон Аман на 42-годишна возраст ќе учествува на својата 25-та новогодишна турнеја во ски-скокови.

Четирикратниот олимписки шампион во 2002 и 2010 година ќе настапи на скокалниците во Оберстдорф, Гармиш-Партенкирхен, Инсбрук и Бишофсхофен во швајцарскиот тим заедно со Грегор Дешванден, Килијан Пејер и Рем Имхоф.

Многумина очекуваа дека ланската сезона ќе биде последна за Аман, но во пресрет на новата сезона тој повторно беше вклучен во репрезентацијата.

Светски првак стана во 2007 година во Сапоро, има 23 индивидуални победи во Светскиот куп 80 пати бил на подиумот.

Никогаш не ја освоил новогодишата турнеја, има победи 2008 и 2013 година во Оберстдорф и во 2011 година во Гармиш.

Scroll to Top