Top Sport

Симон Бајлс откри дека била сексуално злоставувана

Четиркратната олимписка шампионка во гимнастика, Американката Симон Бајлс, откри дека била сексуално злоставувана од тимскиот доктор Лери Насар. Бајлс има 20 години, а сите четири златни медали ги освои на Олимписките игри во Рио во 2016 година.

Хорор приказната таа ја открива во емотивно соопштение истакнувајќи дека не му дозоволила на Насар да и ја украде радоста и љубовта.

„И јас сум една од многуте девојки кои сексуално биле злоставувани од Лари Насар. Најголемиот дел од вас ме познава како среќна, насмејана и енергична девојка, но во последно време се чувствувам „скршено“. Повеќе не се плашам да ја разкажа, мојата приказна. Тешко е повторно да се пренесат овие искуства и уште повеќе ми се „кине“ срцето кога ќе помислам дека за ОИ во 2020 година ќе морам да се подготвувам во истата сала каде што бев злоставувана. Јас сум единствена, паметна, талентирана, мотивирана и стравствена девојка. Си ветив дека приказната ќе биде многу поголема од ова и ви ветувам дека никогаш нема да се откажам. Премногу го сакам овој спорт и никогаш не се откажувам. Нема да дозволам еден човек и оние кои тоа му го овозможија да ја украдат мојата љубов кон гимнастиката“, рекла Бајлс.

Насар на почетокот на декември минатата година е осуден на 60 години затвор поради поседување на фотографии на сексуално злоставување на деца, а признал дека ги напаѓал гимнастичарките.

Три поранешни олимписки шампионки го обвинија Насар дека ги злоставувал, а меѓу нив е и Габи Даглас, која во Рио исто така освои златен медал.

Против Насар цивилна тужба покренале повеќе од 130 жени поради сексуално вознемирување. Насар бил дел на американскиот тим цели 35 години, до јули 2015 година кога доби отказ.

Scroll to Top