Top Sport

АБА лига: Мавра МВП на 16.коло (Видео)

Плејмејкерот на МЗТ, Доминик Мавар е прогласен за НВП на 16.коло во регионалната АБА лига.

МЗТ, во Загреб против Цибона, успеа да ја прекина црната серија од 11 порази, односно да победи прв пат во АБА лигата по октомври минатата година.

Најзаслужен за победата на МЗТ во Загреб беше Мавра кој за 35 минути на теренот имаше учинок од 18 поени, 6 скока и 10 асистенции. Со овој учинок Мавра собра 34 индексни поени, што му ја донесе МВП наградата.

Покрај Мавра во ова коло се истакнаа уште и Џејмс Фелдин, Црвена звезда (27 поени), Марко Љубичиќ, Игокеа (13 скока) и Тејлор Рочести, Црвена звезда (10 асистенции).

Scroll to Top