Top Sport

Симон Бајлс се повлече од ОИ

Американската гимнастичарка Симон Бајлс се повлече од финалните натпревари на Олимписките игри во Токио. Таа вчера, по првата ротација се повлече од тимското финале, во кое САД го освоија второто место, а претпладнево Американците објавија дека таа нема да се натпреварува ниту во поединечна конкуренција.

Американските медиуми, пренесоа дека Бајлс, откако била на медицински прегледи, решила да не настапи во поединечна конкуренција, каде што требаше да го брани златниот медал од Рио де Жанеиро.

„Извршивме детални медицински прегледи, по што решивме да објавиме дека Симон Бајлс, се повлекува од индивидуалниот настап во финалето на Олимписките игри. Таа ќе се фокусира на менталното здравје. Симон секојдневно ќе биде под лекарски надзор, ќе видиме дали ќе настапи наредената недела“, соопштија од Олимпискиот тим на САД.

Намосте Бајлс, која требаше да ја брани титулата во повеќебој, во тимот на САД ќе настапи Џејд Кери.

Scroll to Top