Top Sport

Симона Халеп елиминирана уште во осминафиналето во Синсинати

Шампионката од Вимблдон, Романката Симона Халеп ноќеска беше елиминирана уште во осминафиналето на Мастерс турнирот во Синсинати. Подобра од неа со 2-1 (по сетови 6-1 3-6 и 7-5) беше Американката Медисон Киз.

„Играв многу паметно, посебно во првиот сет, кога ја искористив шансата и тргнав силно. И во третиот сет имаше жестока борба, па и покрај некои лоши удари, верував во себе. Таа беше прва светска тенисерка, освојува гренд-слем титули и знаев дека нема да се откаже. Верував во себе и мислам дека направив многу убави работи“ – рече Киз која е 16. на ВТА листата.


Халеп, пак, го призна поразот и рече дека нејзината противничка одиграла маестрално.

„Играше неверојатно, делуваше моќно на теренот. Знаев дека е брза и дека удира силно и очекував тежок почеток. Немав вистински ритам на стартот, подоцн се пронајдов, но тоа не беше доволно за победа“ – реча Халеп.

Во борбата за полуфинале Киз ќе се судри со сонародничката Венус Вилијамс.

Во останатите три четвртфинални пресметки силите ќе ги одмерат Софија Кенин – Наоми Осака, Каролина Плишкова – Светлана Кузњецова и Ешли Барти – Марија Сакари.

Scroll to Top