Јаник Синер ја освои титулата на Ју-ес опен. Италијанецот во финалето го победи Тејлор Фриц во три сета.
Тенисерот број еден во светот славеше со 6:3, 6:4, 7:5 за два часа и 17 минути игра. Синер ја освои втората грен слем титула во каиерата, н почетокот на годината славеше победа во Австралија.
Годинава освои шест пехари и ја надмина заработката од 10 милиони долари. Исто така, тој стана првиот Италијанец кој го подигнал трофејот на Ју-ес опен.
23-годишникот сезонава одигра изворедно на тврда подлога. На бетон забележа 23 победи и загуби само два меча од Алкараз во Индијан Велс и Рибљов во Монтреал.