Јаник Синер го освои Мастерсот во Синсинати. Со овој триумф Италијанецот си го обезбеди првото место на АТП листата и по завршувањето на последниот гренд слем во сезоната, Ју-ес опен.
Синер за еден час и 36 минути игра го победи Френсис Тиафое со 2-0 во сетови, а резултатот беше 7:6, 6:2.
За Синер ова е петта титула оваа година и тој е убедливо најуспешен тенисер на оваа сезона.