Top Sport

„Синер е опседнат со Алкараз“

Францускиот тенисер Николас Мау ја коментираше борбата меѓу двајцата најдобри играчи во светот.

Јаник Синер го освои Париз минатата недела и се врати на врвот на АТП листата.

„Тој сè уште може да ја подобри својата игра во транзицијата, својот напад, својата игра на мрежата“, изјави Мау за „Еуроспорт“, додавајќи:

„Кога ќе ги прочитате неговите изјави, тој е опседнат со Алкараз“.

На Синер ќе му биде многу тешко да остане на врвот на крајот од годината, по Завршниот Мастерс, бидејќи дури ни титулата во Торино не му го гарантира тоа.

„Не сум сигурен дека ќе остане број еден дури и ако ги добие сите натпревари, бидејќи не гледам како Алкараз нема да победи барем три натпревари (услов за враќање на врвот на АТП листата)“, истакнува Мау.

Последниот турнир во годината е закажан од 9 до 16 ноември.

Scroll to Top